АРКТИЧКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: До крајот на оваа седмица температурите ќе паднат до минус 15 степени!

81

До крајот на оваа седмица ќе имаме исклучително ладно време, со потпросечни температури за јануари месец, но снегот ќе биде во вид на локално и послабо провејување. Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, ќе има делови од Македонија каде температурите ќе се спуштаат под -10 степени, па дури и до околу -15 степени, прогнозира Славчо Попоски.

Преку ден температурите исто така ќе бидат многу ниски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу или само за некој степен над нулата, а во делови од Македонија ќе има температури кои и преку ден ќе бидат негативни, односно под нулата. На планините и на Скијачките центри температурите постојанао ќе бидат под нулата.

На Метеоролошката карта може да видиме дека поголем дел од Европа, како и и целиот Балкан, секако вклучувајќи ја и Македонија до крајот на оваа седмица ќе имаат многу ладно време, односно постојано ќе бидеме под влијание на многу ладен воздух кој се спушта од север, односно од Арктикот, вели метеорологот во последната прогноза.

ИЗДВОЕНИ