До крајот на неделава времето ќе биде исклучително студено, со потпросечни температури за јануари, а локално ќе има и слабо провејување на снег. Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, ќе има делови од Македонија каде што температурите ќе се спуштаат под -10 степени, па дури и до околу -15 степени, прогнозира Славчо Попоски.
Прекуден, температурите, исто така, ќе бидат многу ниски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу или само за некој степен над нулата, а во делови од Македонија ќе има температури што и прекуден ќе бидат негативни, односно под нулата. На планините и во скијачките центри, температурите постојано ќе бидат под нулата.
На метеоролошката карта може да видиме дека поголем дел од Европа, како и целиот Балкан, секако, вклучувајќи ја и Македонија, до крајот на оваа седмица ќе имаат многу студено време, односно постојано ќе бидеме под влијание на многу ладен воздух, кој се спушта од север, односно од Арктикот, вели метеопрогнозерот.