Архива на јавни собири: Досега имало протести во повеќе од 100 града во Србија

20

Бројот на градови и места каде што се одржале некои форми на протесни акции „Застани Србијо“ барем еднаш, пораснал до најмалку 103, извести вчера Архива на јавни собири.

Протестно-комеморативната акција „Застани, Србијо“ беше организирана низ Србија, по првпат на 22 ноември 2024 година, на повик на ПроГлас и опозициските партии, потсетува Архива на јавни собири.

Во поголемиот дел од градовите акцијата беше одржана само на едно место, но во поголемите градови и на повеќе места, а некаде и на двоцифрен број локации. Во тој прв петок бројот на учесници на поединечен пункт варираше од околу 1.100 (на Студентскиот плоштад во Белград) до само една личност (во Прокупље).

Во протестите сè поголема улога преземаат младите – студенти, па дури и средношколци – додека како уште една форма на дејствување се појавува блокадата на високошколските институции и училишта.

-По 6 декември блокадите стануваат секојдневни и многу е тешко да се следат сите пунктови на кои се организираат, а им се приклучуваат и бројни средни, па и основни училишта, во кои учениците организираат училишни блокади, а наставниците ја прекинуваат работата, објави Архива.

ИЗДВОЕНИ