Араухо се предомисли и останува во Барселона

17
epa11820935 Inigo Martinez of Barcelona (C) celebrates with the trophy after winning the final of the Spanish Super Cup, the Supercopa de Espana, between Real Madrid and FC Barcleona in Jeddah, Saudi Arabia, 12 January 2025. EPA-EFE/STR

Јувентус го очекуваше, но се чини дека ќе мора на друго место да го бара дефанзивец, бидејќи Роналд Араухо се предомислил и решил да потпише нов договор со Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Претседателот Жоан Лапорта, тренерот Ханси Флик и на крајот спортскиот директор Деко биле многу убедливи во нивната намера да го задржат уругвајскиот репрезентативец и да го одвратат од преселба во Јувентус.

Уругваецот, неговите агенти и Деко синоќа имаа многу конструктивна средба, дојдоа до решение и наскоро треба да се очекува и официјално продолжување на соработката.

Араухо е член на Барселона од 2018 година кога пристигна од Бостон Ривер за 4,7 милиони евра, а за Каталонците одигра 152 натпревари и постигна осум гола.

Гави, Педри и Jамал ​​треба да тргнат по стапките на Араухо.

ИЗДВОЕНИ