Петмина арапски министри за надворешни работи и еден висок палестински функционер испратија писмо до американскиот државен секретар, Марко Рубио, во кое се спротивставија на плановите на претседателот Доналд Трамп, кон крајот на јануари, за раселување на Палестинците од Појасот Газа.
Според „Аксиос“, писмото било потпишано од министрите за надворешни работи на Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ, како и од палестинскиот претседателски советник Хусеин ал Шеик, по средбата на шесттемина во Каиро викендов.
На 25 јануари, Трамп предложи Палестинците од Газа да се преселат во Јордан и Египет. Со ова се повторија долгогодишните стравови на Палестинците дека тие трајно ќе бидат искорнати од нивните домови, а предлогот беше означен од критичарите како „етничко чистење“.
Реконструкцијата на Газа мора да се случи преку директен ангажман и со учество на луѓето од Газа. Палестинците ќе живеат во нивните земји и ќе помогнат во нивната обнова, се вели во писмото