Аплаузи, песни и овации: Струјата се врати во Шпанија и Португалија/ВИДЕО

416
Фото: TRT World X

Шпанскиот оператор „Ред Електрика“ денес објави дека снабдувањето со електрична енергија во земјата е речиси целосно нормализирано.

Компанијата го објави ова на социјалната мрежа X, наведувајќи дека до 7 часот наутро по локално време, 99,95 проценти од снабдувањето со електрична енергија е нормализирано.

Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија во понеделник наутро, а во Шпанија најголемите проблеми беа во железничкиот сообраќај, бидејќи стотици луѓе ја поминаа ноќта на станиците.

Како што објавија медиумите, но и како што се гледа во видеата објавени на социјалните мрежи, граѓаните го прославија враќањето на електричната енергија со извици, радост и танцување по улиците.

Португалскиот портал „Публико“ исто така објавува дека многу граѓани славеле и пееле од прозорците на своите станови и куќи, но и на улиците.

Каков „редок атмосферски феномен“ е виновен за историскиот прекин на струја во Шпанија и Португалија?

ИЗДВОЕНИ