По реакциите во јавноста поврзани со несреќата во која загина Фросина Кулакова од несовесното возење на Васил Јованов, Апелациониот суд Скопје по неколку месеци одлучување денеска соопшти дека на нејавна седница, ја одбиле жалбата на Јованов , а ја уважиле на Основното јавно обвинителство, што значи дека тој е осуден на затворска казна за трговија со дрога
-Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци.
Првостепената пресуда беше Јованов да се упати во воспитно поправниот дом во Тетово, иако бил полнолетен. Судијката Алексовка Стојановска во пресудата се повикала на Законот за правда на децата, а откако изнформациите беа објавени во јавноста протестите се префрлија и пред Кривичниот суд од каде се бара правда за Фросина.