Апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско

626

Поради опасност од ширење на пожарот во Неготинско, Штабот за заштита и спасување на општина Неготино упати апел, жители од неколку села да ги напуштат живеалиштата.

– Се упатува апел до населението во општина Неготино и тоа во селата: Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села кои не се зафатени од пожарот поради опасноста од забрзано ширење на истиот – информираа од Штабот за заштита и спасување на општина Неготино.

Претходно од Центарот за управување со кризи соопштија дека нема опасност по населбите, објектите и инфраструктурата од пожарот.