Апартманското сместување на море во Грција годинава БЕЗОБРАЗНО СКАПО

3571

Потрагата по сместување во грчките летувалишта веќе е во полн ек, а новите цени кои се нудат во Грција зависат од дестинацијата и се движат од 20 евра за ноќевање во некои од собите до 250 евра за ноќевање во некои апартмани.

Помалку атрактивните места со помалку опремени соби може да се најдат за 20 евра од ноќ, но станува збор за месеците мај и октомври.

Цените поблиску до Солун се поповолни, но подалеку кон морето цените се повисоки. Така, на пример, во Неи Пори, цените на апартманите се движат околу 70 евра за ноќевање за двајца до повеќе од 150 евра. Миконос, кој е едно од поскапите места, нуди сместување каде што е тешко да се најде нешто под 100 евра за ноќ.

Покрај цените на сместувачките капацитети, годинава поскапува и таксата за престој.

Од 1 јануари, грчката влада воведе нова еколошка такса и таа сега се плаќа наместо таксата за престој што е во сила од 2018 година. Во периодот од март до октомври, студијата и апартманите, како и хотелите до две ѕвезди, ќе се наплаќаат по 1,50 евра по лице за едно ноќевање, хотели со три ѕвезди по три евра по лице за ноќевање, хотели со четири ѕвездички по седум евра од лице за ноќевање, додека хотелите со пет ѕвезди ќе чинат 10 евра по лице за ноќевање. Тоа е приближно двојно повеќе од претходната цена. Грчката влада, исто така, одлучи дека на повеќето плажи половина од нејзината површина мора да биде достапна за секого, додека другата половина може да има лежалки и чадори што им припаѓаат на кафулињата. Новите правила би можеле да влијаат на поскапување на изнајмување лежалки, бидејќи ќе ги има помалку.

Новите цени на патарините се актуелни во Грција од 1 април и се повисоки до 35 отсто.

Растот на цените, речиси највисок во последните две децении, покрај на сместувањето и на патарините, се одрази и на храната, која исто така е поскапена.

Ниту љубителите на историските знаменитости нема да бидат поштедени од поскапувањето. Централниот археолошки совет на Грција најави дека ќе ги зголеми цените на билетите за археолошките локалитети и музеи.