По пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени, агенцијата Асошиејтед прес ги објави најголмите пожари во ноќни клубови во последните 25 години кои доведоа до значителен број на жртви:

  •  Април 2024: Пожар во ноќниот клуб „Маскарада“ во Истанбул, Турција, ги зароби работниците и вработените додека местото беше затворено за реновирање, оставајќи 29 мртви. Се наоѓаше на приземје и подрум во станбена зграда од 16 ката.
  •  Октомври 2023 година: Пожарот што започна во ноќен клуб во југоисточниот шпански град Мурсија и се прошири во два други клуба остави 13 мртви.
  • Јануари 2022 година: Изгоре ноќен клуб во Соронг, во провинцијата Западна Папуа во Индонезија, откако две групи меѓусебно се нападнаа во зградата. Во трагедијата загинаа 19 лица.
  • – Јануари 2022 година: Пожарот во ноќниот клуб Лив Јауба во Јаунде, главниот град на Камерун, предизвика експлозии во кои загинаа 17 луѓе. Владата истакна дека огнометот го запалил покривот и огнот потоа се проширил на местата каде што се складирало гас за готвење.
  • Декември 2016: Триесет и шест лица загинаа во пожар во магацин во Оукленд, Калифорнија, кој беше претворен во резиденција и простор за настани за уметници наречен „Брод на духови“. Пожарот, кој избувна за време на забава со електронска музика и танц, се рашири толку брзо што жртвите останаа заробени на нелегално изградениот втор кат.
  • Октомври 2015: Пожарот што избувна за време на пиротехничко шоу на рок бенд во ноќниот клуб Колектив во романскиот главен град Букурешт, уби 64 луѓе, а околу 190 беа повредени.
  • Јануари 2013: Во пожар загинаа повеќе од 200 луѓе во ноќниот клуб Kiss во градот Санта Марија во јужен Бразил. Истражувачите рекоа дека пената за звучна изолација на таванот се запалила и испуштила отровни гасови кои брзо ги убиле оние кои присуствувале на забавта.
  • Декември 2009: Околу 152 лица загинаа кога избувна пожар во ноќниот клуб Lame Horse во Перм, Русија. Се започна кога огномет во затворен простор запали пластичен таван украсен со гранки.
  • Јануари 2009 година:Огномет во затворен простор по новогодишно одбројување предизвика пожар во клубот Сантика во Бангкок, Тајланд, при што загинаа 67 луѓе, а многу други беа повредени. Жртвите починале од изгореници, вдишување чад и од згмечување.
  • Септември 2008: Во пожар загинаа 44 луѓе во ноќениот клуб „Кралот на танчерите“ во Шенжен, Кина, кога избувна пожар откако огномет го запали таванот.
  • Декември 2004: Во Буенос Аирес, Аргентина, пожар уби 194 луѓе во преполниот клуб Кромањон Република откако пламен запали таванска пена. Сопственикот на клубот Омар Чабан е осуден на 20 години затвор за предизвикување на смртоносниот пожар и за поткуп. Други добија полесни казни.
  • Февруари 2003: Во пожар во ноќниот клуб „Станица“ во Западен Ворвик, Род Ајленд, САД, загинаа 100 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. Огнометот што го користеше бендот запали запалива пена внатре во клубот.
  • Декември 2000 година: Во декември 2000 година во пожар за кој се велеше дека избувнал поради несреќа при заварување загинаа 309 лица во дискотека во кинескиот град Луојанг.

ИЗДВОЕНИ