EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Кога пристигна Ентони во Манчестер јунајтед во летото 2022 година, очекувањата од него беа големи, бидејќи на Ајакс му беше исплатена сума од неверојатни 82 милиони фунти. Тој играше и во Ајакс, под водство на Ерик тен Хаг и сите очекуваа да продолжи со добрите игри. Тој дури и постигна гол на дебито против тимот на Арсенал. По тоа, сè тргна наопаку за Ентони, кој не можеше да се избори за место меѓу првите 11-мина, а кога доби шанса да биде на теренот, одигра катастрофално. Во досегашниот дел од кариерата во Манчестер јунајтед, одигра вкупно 82 натпревари, а постигна само 11 гола, што, секако, не е добар ефект од толку скапо платен играч.

Неговите слаби перформанси го ставија Тен Хег под уште поголем притисок, бидејќи неговите засилувања што ги доведе не ја свртеа ситуацијата во корист на тимот.

Токму затоа Јунајтед ќе се обиде да го продаде Ентони во текот на летото, а меѓу заинтересираните е и Бешикташ.