
Шпанскиот гигант Атлетико (М) се вклучи во трката по потписот на бразилскиот интернационалец Антони. Крилниот напаѓач е во сопственост на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, а вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен фудбалер во дресот на Бетис од Севилја. Бразилецот ќе добие дозвола да се пресели на „Ванда Метроплитано“ само доколку официјалната понуда за неговото обештетување не биде помала од 50 мил. евра.