Антикорупциска ќе го испитува именувањето на нови в.д. директори

68

Државната изборна комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека поединечно ќе го испита секој случај на именување на в.д. директори во дел од државните институции, кое во изминатиот период го направи новата Влада, за да се утврди дали истите се во рамки на законските прописи, се предвидени и дозволени.

„Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива. Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции“, се вели во соопштението на ДСКС

Во однос на неодамнешните именувања на нови вршители на дожност на позицијата директор во дел од институциите, кои беа направени на изминатите неколку владини седници, денеска реагираше и доскорешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска. Таа во објава на Фејсбук оцени оти продолжила праксата на назначување директори со партиски пазарења.

„Праксата на назначување директори со партиски пазарења си продолжува. Само нови (а има и старо-нови) се пазарџиите на новите тезги. Живо заинтересирани за личните и партиските интереси. Е па, нема напредок без професионалци“, пишува Ивановска