Анри знае какви проблеми има Гвардиола!

73
epa11861908 Manchester City manager Pep Guardiola stands on the touchline during the UEFA Champions League match between Manchester City and Club Brugge in Manchester, Britain, 29 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Иако се чинеше дека Манчестер Сити излегува од резултатската криза и се враќа во посакуваната форма, таквата перцепција се покажа како неточна.

Тоа најдобро го покажа натпреварот против Арсенал кој „граѓаните“ го одиграа во неделата на „Емирати“ и каде претрпеа тежок пораз од 5:1.

„Топчиите“ немаа милост и сосема заслужено во второто полувреме постигнаа дури четири погодоци. Повторно мета на критики беше менаџерот на Сити, Пеп  Гвардиола, за кого навивачите имаат се помалку трпение.

Сити оваа сезона игра далеку под сите очекувања, а дури се шпекулира дека Пеп би можел да го „загуби столчето“ доколку испадне од Лигата на шампионите, каде во баражот игра двомеч против актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М).

Сепак, не сите му свртеа грб на Гвардиола бидејќи легендарниот Тиери Анри му даде поддршка на шпанскиот стручњак.

Анри работеше со Пеп во Барселона со многу успех, а познато е дека има голема почит кон него. Французинот истакна дека му е жал што Пеп минува низ тежок период и додаде дека нешто се случува со него надвор од фудбалот.

„Жал ми е за тоа што се случува со Манчестер Сити и Пеп. Не е тешко да се справиш со она низ што минува Пеп“, изјави Анри и продолжи:

„Надвор од фудбалот, неговата ситуација е комплицирана. Поминав низ развод со мојата поранешна сопруга кога се преселив во Барселона и знам колку е тешко. Ментално, не можете да се фокусирате само на фудбалот и тоа е јасно видливо. Ментално, тој не е добар и во формата каква што знаеме дека е“.

Французинот додаде дека уште на почетокот било јасно дека нешто не е во ред, уште пред да биде објавено дека Пеп е во процес на развод од својата долгогодишна сопруга.

„Можете сами да видите дека не личи на себе затоа што психички се бори со се што му се случува. Никој не може да помине низ такви работи приватно и да игра на теренот како ништо да не се случува, тоа не е можно затоа што и сам го знам тоа. Треба да го разбереме сега и да му дадеме време да се опорави на сите полиња“.

Манчестер Сити е на петтата позиција во Премиершип со 41 бод и има дури 14 бодови помалку од Ливерпул, кој има натпревар помалку од Сити.

ИЗДВОЕНИ