АНРИ: „Тој е комплетен играч, сигурно е пред останатите во моментов“

112
epaselect epa10969152 Lionel Messi presenting his Eighth Ballon d'Or trophy to Inter Miami Academy players during the friendly match between New York City FC and Inter Miami at the DRV PNK stadium in Fort Lauderdale, Florida, USA, 10 November 2023. EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

И покрај тоа што сезоната се уште е во полн ек, во јавноста веќе почна да се зборува за тоа кој би можел да ја освои „Златната топка“ на крајот од сезоната, а неколку фудбалери секако се истакнаа со своите настапи во претходниот дел од сезоната.

Пред се, ова се однесува на фудбалерите од Барселона, Реал (М) и Ливерпул. Секако, тоа се Рафиња, Педри, Винисиус Јуниор, Килијан Мбапе и Мохамед Салах.

„Златната топка“ беше тема и во студиото на „CBS“ каде традиционално беа Тјери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс, кои дискутираа по завршувањето на натпреварот помеѓу Барселона и Бенфика.

Каталонците успеаја да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на шампионите бидејќи во реваншот ја победија Бенфика со 3:1, а Рафиња одигра одличен натпревар постигнувајќи два гола.

Бразилецот постигна три од четирите гола за Барселона против Бенфика во двомеч и докажа дека е во врвна форма оваа сезона. Тој во досегашниот дел од сезоната има постигнато 11 гола во ЛШ и е најдобар стрелец во ова натпреварување.

Токму него Анри го издвои како главен фаворит за освојување на „Златната топка“ бидејќи смета дека Рафиња покажал најмногу.

„Рафиња секако е меѓу тие фаворити. За мене тој е пред сите во оваа битка во моментов. 11 гола во ЛШ, Мохамед Салах е таму како и Хари Кејн, но Рафиња постигна толку многу голови и само еден од нив беше од белата точка“, изјави Анри и додаде:

„Не сакам да кажам дека пеналите се помалку важни затоа што Салах има нереална сезона, но тоа го велам од гледна точка дека ако некој играч постигне голови колку и другите без пенали, тогаш треба повеќе да зборуваме за него. Она што Рафиња го прави покрај тоа што му помага на тимот е одлично“.

„Луѓето често велат дека играчите мора да бидат комплетни. Напаѓачите исто така мора да притискаат, да бидат дел од одбраната и да им помагаат на дефанзивците… Има многу работи што треба да ги направите за да бидете комплетни освен да постигнувате голови, а Рафиња го прави сето тоа оваа сезона“.

Треба да се напомене дека Рафиња е првиот Бразилец во историјата кој постигнал најмалку 11 голови во една сезона во ЛШ. Досега во дресот на Барселона одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 27 голови и додаде 19 асистенции.

ИЗДВОЕНИ