Анкета: Скопјани не се задоволни од работата на Арсовска

Истражувањето, кое опфатило 1.150 испитаници преку телефонско анкетирање, покажало дека 77 отсто од граѓаните ја оценуваат работата на Арсовска како слаба или многу слаба, додека 68 отсто воопшто немаат доверба дека таа ќе ги реши главните проблеми на градот. Анкетата, исто така ги идентификувала најгорливите проблеми со кои се соочува Скопје. Притоа, на врвот на листата, приоритети кои граѓаните очекуваат да се решат се загадувањето на воздухот и јавниот превоз, додека сообраќајниот хаос и степенот на јавна хигиена, исто така предизвикуваат значително незадоволство

80

Скопјани не се задоволни од актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, покажува неодамнешната анкета од интернет порталот Локално.мк, спроведена во периодот од 25 до 29 јануари 2025 година. Анкетата ги мерела и рејтинзите на потенцијалните кандидати за Скопје.

Истражувањето, кое опфатило 1.150 испитаници преку телефонско анкетирање, покажало дека 77 отсто од граѓаните ја оценуваат работата на Арсовска како слаба или многу слаба, додека 68 отсто воопшто немаат доверба дека таа ќе ги реши главните проблеми на градот.

Анкетата, исто така ги идентификувала најгорливите проблеми со кои се соочува Скопје.

Притоа, на врвот на листата приоритети кои граѓаните очекуваат да се решат се загадувањето на воздухот и јавниот превоз, додека сообраќајниот хаос и степенот на јавна хигиена, исто така предизвикуваат значително незадоволство.

-Ова истражување укажува на потребата од итни мерки за подобрување на квалитетот на живот во главниот град, како и на потенцијални промени во локалното раководство – се наведува во анкетата.

Во однос на потенцијалните кандидати за нов градоначалник, 18 отсто од испитаниците го поддржуваат Златко Перински, по што следуваат Коце Трајановски со 16,5 отсто, Орце Ѓорѓиевски со 14 отсто и Петре Шилегов со 11,5 отсто. Останатите кандидати, како Висар Ганиу, Бобан Стефковски и Ѓорѓи Галетановски, добија помала поддршка.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ