Анкета 24 часа по инаугурацијата: 47 проценти од Американците ги одобруваат постапките на Трамп

175

Вкупно 47 отсто од испитаниците генерално ги одобруваат постапките на администрацијата на Трамп, анкетата на Ројтерс/Ипсос, спроведена во првите 24 часа од неговиот втор претседателски мандат. Во тој дел Трамп има повисок рејтинг отколку во поголемиот дел од неговиот прв мандат.

Но, во анкетата 58 отсто од Американците изразиле верување дека Трамп не требал да ги помилува сите осудени за учество во немирите во Капитол, на 6 јануари 2021 година. Само 29 отсто во анкетата го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со политичката инструментализација на Министерството за правда. Ова се однесува на изјавата на новиот претседател дека ќе бара одмазда против неговите политички противници користејќи ги неговите овластувања како претседател.

Вкупно 46 отсто од испитаниците рекле дека ги одобруваат напорите на Трамп за имиграција, додека 58 отсто рекле дека се согласуваат дека САД треба драстично да го намалат бројот на мигранти кои можат да бараат азил на границата

ИЗДВОЕНИ