Рускиот УФц борец Магомет Анкалаев е нов шампион во полутешка категорија, откако по пет рунди со едногласна судиска одлука го победи бразилскиот борец Алекс Переира.

Но, оваа борба, барем според фановите и оние кои сето тоа го следеа во живо, не ги оправда очекувањата. Знаеше да се слушне и исвиркување од трибините, барајќи многу повеќе акција и возбуда во рингот, но присутните не го добија тоа.

  • Бегаше од мене 20 минути. Со задоволство би прифатил реванш. Можеби ќе сака да се бори во реваншот, изјави Анкалаев по борбата и со тоа го предизвика Бразилецот на нова борба.

По оваа победа, тој има биланс од 20 триумфи, од кои 10 се со нокаут, со еден пораз, едно реми и една поништена борба. Ова беше негова 14. борба без пораз. Последен пат загуби во 2018 година од Шкотланѓанецот Пол Крег.

ИЗДВОЕНИ