Англичанецот е најскап фудбалер во светот

23
epa10872643 Real Madrid's midfielder Jude Bellingham (C) celebrates with teammtes after scoring the 1-0 goal during the UEFA Champions League group C soccer match between Real Madrid and Union Berlin, in Madrid, Spain, 20 September 2023. EPA-EFE/KIKO HUESCA

Репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Џуд Белингам, е најскап фудбалер во светот, според Меѓународниот фудбалски институт CIES.

Благодарение на одличните игри како во изминатата така и во актуелната сезона, офанзивниот играч за врска е проценет дека вреди 251.4 милиони евра.

На втората позиција е норвешкиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Ерлинг Халанд чија вредност на неговиот трансфер изнесува, 221.5 мил. евра.

Најдобриот фудбалер за 2024 година според Светската фудбалската организација (ФИФА), Винисиус Јуниор, е на третата позиција и неговата цена е 205.7 мил. евра.

Интересно, репрезентативецот на Хрватска и стандарден првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, го зазеде првото место на рангирањето на најскапите дефанзивци во светот според Меѓународниот фудбалски институт CIES.

Проценетата вредност на неговиот трансфер е 115,7 милиони евра, а по него следат Вилијам Салиба од Арсенал (101,8), Пјеро Хинкапи од Баер Леверкузен (90,3) и клупскиот соиграч Рик Луис (87,5).

 

ИЗДВОЕНИ