Во средниот век била едно од главните лековити растенија, пред сѐ се користела како ефикасен лек против чумата.
Според легендата, ангелика ја открил Свети Архангел Михаил, па го добила името по него. Покрај бројните лековити својства, ова растение е многу ефикасно и за белодробни заболувања.
Ангеликата го стимулира лачењето на слуз од дишните органи. Содржи масла кои имаат антиинфламаторно дејство и се борат против инфекции, па помага при бронхитис и пневмонија.
Долго време се користи во народната медицина, а поради ароматичниот вкус се користи и како храна и зачин.
Во средниот век беше едно од главните лековити растенија, пред сè се користеше како ефикасен лек против чумата. Благодарение на неа многу луѓе се спасиле од чумата, па првично била наречена ангелско растение, а дури подоцна се воспоставило името ангелика.
Коренот на ова растение е добар и за варење, а есенцијалните масла добиени од него се користат и за поттикнување на апетитот. Поради овој ефект, се користи и за закрепнување од анорексија и малаксаност, но помага и за лекување на ревматски заболувања, заболувања на црниот дроб и жолчката и менструални проблеми.
Од друга страна, спречува згрутчувањето на крвта, поради што се препорачува за третман на тромбоза.
Се користи и како благ седатив и здрав сон.
Сепак, конзумирањето на ангелика не се препорачува за време на бременоста, ниту за време на доењето. Не се препорачува ангелика да ја користат луѓето кои боледуваат од дијабетес, ниту оние кои земаат лекови против згрутчување.
За терапевтски цели се користи како течен екстракт, тинктура, есенцијално масло или сушен корен за чај.