Атрактивната американска кошаркарка Енџел Рис (22) тргна во потрага момче, а воедно посочи каков треба да биде и што треба да поседува. Таа од оваа година настапува за Чикаго Скај во американската ВНБА, најсилната лига во женската кошарка. Сепак, нејзините кошаркарски игри не ја направија премногу популарна, па неодамна откри неколку сочни детали за нејзиниот љубовен живот, поради што го сврте вниманието кон себе.
Во еден подкаст кошаркарката откри дека моментално е сингл, но сето тоа може да се промени доколку пред неа излезе оној вистинскиот.
- Мора да биде голем, околу два метри до 2,03. И да, од НБА, изјави Енџел, која е висока 191 сантиметар.
Неодамна се шпекулираше дека би можела да има врска со НБА ѕвездата Џејлен Дурент (29). Центарот на Детроит Пистонс и понатаму е надвор од нејзините желби, со оглед на тоа дека е висок 208 сантиметри. Гласините започнаа кога и двајцата објавија фотографии од одморите за време на олимписката пауза. Сомнително е тоа што фотографиите изгледаа како да се направени на исто место, а кратко време потоа Рис се појави на Инстаграм облечена во дресот на Детроит Пистонс на Дурен.
Но, покрај Дурент, тука се и некои други кошаркари како 20-годишната француска суперѕвезда од Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама (20), потоа Бен Симонс (28, Бруклин Нетс) и Паоло Банкеро (21, Орландо Меџик).
Заедничко за овие кошаркари е тоа што го надминуваат условот за висина, Вембањама е висок импресивни 2,24 метри, па прашање е дали би имал шанса со оваа згодна кошаркарка.