EPA-EFE/SIU WU

Тимот на Кадилак се подготвува да влез во Формула 1 во 2026 година, а Марио Андрети открива дека е клучно да се најде искусен возач, кој ќе му помогне на тимот да направи моментален скок.

Џенерал моторс ја презеде контролата врз проектот откако се повлече Мајкл Андрети, а Марио Андрети, светскиот шампион од 1978 година, ќе биде дел од бордот на директори на тимот.

Различни возачи се поврзани со тимот, вклучувајќи го и Колтон Херта, како и Серхио Перез, кој возеше минатата сезона за шампионскиот тим на Ред бул.

Андрети, сепак, нагласува дека приоритет е некој што веќе има искуство во Ф1, што значи дека популарниот Чеко би имал идеална шанса за кам-бек во најбрзиот циркус на денешницата.

  • Идеално би било да имале некој што веќе бил во Формула 1. Го набљудуваме пазарот и нема да избрзуваме со одлуката – изјави Андрети за „Автомотоспорт“.

Марио Андрети беше клучна фигура во лобирањето за влез на 11. тим во Ф1. Сепак, тој не планира да има секојдневна улога во тимот.

  • Овој проект е, на некој начин, мое дете. Но, сакам постојана позиција или работа што би ме обврзувала секој ден – објасни Андрети.

Тој додаде дека никогаш не сакал да биде сопственик на тим и дека во текот на кариерата му биле понудени различни улоги во тимови, но секогаш ги одбивал.

  • Јас сум тркач. Сакам да имам база во тимот каде што ќе можам да останам, но не и да го водам – заклучи Андрети.

ИЗДВОЕНИ