И Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој им подлегнал на повредите здобиени во пожарот. Имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот.
Вонр. проф.м-р Сара Пројковска, е меѓу загинатите во трагичниот настан во кочанската дискотека. Ова го потврдија од Факултетот за музичка уметност во Скопје.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
Тапанарот на ДНК, 23-годишниот Горги Горгиев загина во пожарот во Кочани