
Андреас Трајковски како единствен македонски претставник на Европското првенство во Холандија го обели образот на нашата земја, оставрувајќи историскиот успех, но и национален рекорд на денешните квалификации во категоријата – скок во далечина.
Иако беше пријавен како атлетичар со 13-ти резултат во оваа дисциплина, Андреас со три извонредни скока се избори за место меѓу најдобрите осум натпреварувачи, па така обезбеди место на финалното натпреварување во скок во далечина.
Поточно, Трајковски со скоковите од 7.51, 7.77 и 7.85 метри го освои седмото место во денешните квалификации, па така си обезбеди место во финалето во конкуренција на 17 скокачи.
Последниот скок од 7.85 метри е национален македонски рекорд во сала, а Трајковски со овој успех стана првиот Македонец кој се пласирал во едно финале на Европско првенство во атлетика.