Анџелина Џоли никогаш не сакала да биде актерка. Во неодамна објавеното интервју за магазинот W, по повод промоцијата на нејзиниот филм „Марија“, прославената актерка и режисерка изјави дека влегла во филмската индустрија „бидејќи тоа било сон на нејзината мајка“.
Нејзината мајка не успеала да продолжи со актерска кариера. На 25 години имала две деца и била разведена.
„Но, таа навистина сакаше да бидам актерка“, вели Џоли.
Нејзината мајка, Марселин Бертранд, се омажи за актерот Џон Војт во 1971 година.
Таа ги родила синот Џејмс во 1973 година и Анџелина во 1975 година, пред да поднесе барање за развод од Војт во 1978 година.
Бертранд почина во 2007 година, откако се бореше со рак на јајниците речиси осум години.
„Не се сеќавам дека сама го направив изборот. Се сеќавам дека ја направи мајка ми среќна. Мама ми беше менаџер, а ние бевме тим. Секогаш сакав да и купам куќа и почнав да ги плаќам сметките. Кога умре мајка ми, ми беше потешко да бидам актерка, бидејќи сфатив колку и е сето тоа важно“, заклучила Анџелина.