Анџелина Џоли и нејзиниот син Нокс се снимени како им помагаат на луѓето погодени од пожарот во Лос Анџелес. Според Дејли Мејл, актерката и нејзиниот 16-годишен син биле видени во продавницата како купуваат вода и други неопходни работи за да ги донираат на оние на кои им е потребна.
Џоли е позната по својата хуманитарна работа, таа изрази загриженост за пожарите и ја нагласи важноста од пружање помош во овие тешки моменти.
„Сега се грижам за луѓето кои ми се блиски и ги засолнувам во мојата куќа“, рече таа. Донации беа дадени и на локалните пожарникари и организации кои обезбедуваат поддршка на жртвите од пожарите.
Овој потег уште еднаш ја потврдува посветеноста и хуманоста на Анџелина да им помага на другите, инспирирајќи ги и другите.