
Предводникот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Карло Анчелоти, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање иднината на големите таленти, Арда Гулер и Ендрик. Иако имаат скромна минутажа во актуелната сезона, трофејниот италијански стручњак изјави дека нивната иднина е на „Сантијаго Бернабеу“ и додаде дека не сака да бидат продадени за време на летниот преоден рок.