
Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), треба да одлучи кој талент ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“, а кој ќе ја промени средината за време на летниот преоден рок. Предводникот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти се уште нема одлучено дали во следната сезона да му даде поголема минутажа на турскиот интернационалец Арда Гулер или на Бразилецот Ендрик.