Еден од најдобрите фудбалски тренери во историјата, Италијанецот Карло Анчелоти, нема да мора долго да чека за нова работа по заминувањето од Реал Мадрид. Веќе е најавено дека ќе го напушти „кралскиот клуб“, најверојатно на крајот од сезоната, кога ќе биде заменет од Чаби Алонсо, кој моментално раководи со Баер од Леверкузен.

Додека се разрешува таа ситуација, Анчелоти веќе добил понуда за нова работа. Според порталот „Релево“, бразилската Фудбалска федерација му понудила на сличен договор како оној што го има со Реал. Ако го прифати, ќе стане еден од најплатените тренери на планетата, веројатно и најплатен.

Сега сè е до Карло, кој на 10 јуни ќе наполни 66 години, а има најави дека неговата следна работа ќе биде селектор на репрезентацијата, бидејќи носи помалку обврски од работата како клупски тренер.

ИЗДВОЕНИ