Анастасија, ќерката на Цеца Ражнатовиќ: „Го имам најубавиот тетовиран сопруг на овој свет, а мајка ми – најдобриот зет!“

1089

Воодушевена е од тетоважите на брачниот партнер!                                              Иако се во тек со модните случувања во врска со тетоважите, сепак Немања и Анастасија Ражнатовиќ се големи верници. По неодамнешното доаѓање од Шпанија, каде што живеат, а пред велигденските празници, тие беа во црквата „Светите апостоли  Вартоломеј и Варнава“. Таму го наоѓаат духовниот мир. – Нека Бог ги заштити нашите љубов и брак – порачува Анастасија

– Јас го имам најубавиот тетовиран сопруг на овој свет, а мајка ми – најдобриот зет – вели пејачката Анастасија Ражнатовиќ, инаку ќерка на мегапопуларната Цеца Ражнатовиќ.

Со констатацијата на Анастасија се согласуваат стотина илјади девојки, кои ѝ пишуваат само пофални зборови и коментари: „Анастаси, колку би сакала да имам ваков тетовиран маж, тоа ми е многу секси“. „Немој никогаш да го натераш мажот ти да ги избрише тетоважите бидејќи вака е најзгоден“. „Кажи ми искрено, другарке, на која од неговите тетоважи најмногу се палиш“. „Анастасија, што вели твојата мајка, Цеца, за тетоважите на својот зет“. „Дали ќе го сакаш мажот ти вака тетовиран и по десетина години?“ „Која од тетоважите што ги има Немања Гудељ е најскапа?“, се само дел од огромниот број коментари.

Иако се во тек со модните случувања во врска со тетоважите, сепак Немања и Анастасија Ражнатовиќ се големи верници. По неодамнешното доаѓање од Шпанија, каде што живеат, а пред велигденските празници, тие беа во црквата „Светите апостоли Вартоломеј и Варнава“ во српскиот град Требиње. Таму го наоѓаат духовниот мир, кај отец Предраг Поповиќ.

– Нека Бог ни ги заштити нашите љубов и брак до крајот на нашите животи – порачува Анастасија.

Инаку, спортистите отсекогаш ѝ биле најпривлечни мажи на згодната Анастасија. Кога имаше само 14 години, таа беше во врска со фудбалерот Немања Залад, син на познатиот голман на ФК „Партизан“, Раде Залад. Нивната врска почна во 2012 година, но траеше само една година. Тие двајца привлекуваа внимание и затоа што Немања беше шест години повозрасен од неа. Српските медиуми пишуваа дека на Цеца не ѝ се допаѓа ова момче на Анастасија. И втората љубов на Анастасија повторно беше во врска со фудбалот. Се забавуваше со Костадин Терзиќ, син на српската фудбалска легенда Звездан Терзиќ. По врската со него, таа беше во врска со кошаркарот Милош Теодосиќ. Љубовта им траеше само три месеци. Потоа, поради обврските кон кошарката, тој се пресели во Русија, а Анастасија, разочарана, остана во Србија, но не за долго. Брзо го запозна фудбалерот Немања Гудељ, преку заеднички пријатели и поради него се пресели во шпанскиот град Севиља.

Сега ужива во секој миг од љубовта со него. Според неа, среќата ја прават малите работи. Овој пат, таа доби црвена роза од Гудељ, а масата пред неа беше покриена со мирисливи ливчиња во истата боја. Не може да ѝ го приреди тоа, на таков начин, кој било на Анастасија како што може Немања. Целото емотивно богатство е во таа роза.

– Розата има поголемо значење од нашата милионска, раскошна вила со базен – вели Анастасија, која, за многумина, со тоа не е само духовита туку и таинствена.                Анастасија Ражнатовиќ не е само грижлива сопруга туку и постојано се труди да ја направи среќна својата свекрва, Оливера, која е позната по тоа што знае понекогаш да ситничари. Вистина е дека госпоѓа Оливера никогаш не била против својата снаа, Анастасија, само сака таа да ги почитува правилата на големото семејство Гудељ: заедништво, блискост, комуникација, семеен ручек во текот на празниците. Анастасија ги сфати работите и сега ѝ оди по ќеф на свекрвата. Се подразбира дека го прави тоа само поради големата љубов кон сопругот Немања. Така треба!                                   (Д.М.) фото: архива – ФБ-Инстаграм

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ