Ана Костадиновска: „Нема утеха, НЕМА“

465

Придружниот вокал на ДНК и една од тројцата преживеани членови на групата во трагичниот пожар во Кочани, Ана Костадиновска, се огласи на својот Фејсбук профил каде објави трогателна фотографија.

Како што вели, нема утеха.

Таа продолжува да добива огромна поддршка од своите најблиски, колеги, соработници и ученици.

На Фејсбук сподели емотивна порака што ѝ ја испратиле нејзините ученици – рачно напишана од две дечиња кои заедно со пораката за брзо опоравување и испратиле и подарок.

Ана Костадиновска, Владимир Блажев Панчо и гитаристот Горан Тонев се единствените членови на бендот кои успеаја да го преживеат пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица.

ИЗДВОЕНИ