Ана и Швајнштајгер добро го одглумеа разводот?

2024
Instagram braxfashion

Веќе со денови наводната приказна за разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер ги полни медиумските наслови. Иако многумина со разочарување ја дочекаа оваа вест, други коментираа дека брачната двојка добро си го одглумеа бракот на социјалните мрежи и барале некој детал кој ќе им открие и ќе потврди дека ги доставиле документите за развод.

Парот не се огласи ниту еден момент, туку ја сподели својата активност на Инстаграм, иако како „соло“, но повторно тоа не беше потврда.

Сега се појави фотографија која „фрла се во вода“ и им дава оптимизам на нивните фанови дека меѓу двојката се е во ред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brax (@braxfashion)

На фотографиите што ги сподели брачна двојка тие изгледаат вљубено како и првиот ден, што предизвика лавина коментари на социјалната мрежа Инстаграм.

Многумина коментираа дека Швајни и понатаму е исто толку маѓепсан од неа како што се гледа во неговиот поглед, а Ана Ивановиќ е среќна и исполнета, судејќи по фотографиите кои се појавија.

ИЗДВОЕНИ