Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим верува дека од утрешниот натпревар против Саутемптон ќе научи повеќе за своите играчи отколку од претходните два натпревари.
„Црвените ѓаволи“ одиграа одлични два натпревари, ремизирајќи 2-2 на „Енфилд“ против Ливерпул, а потоа го елиминираа Арсенал во третото коло од ФА Купот.
-Следниот натпревар ќе ме научи повеќе за моите играчи од последните два. Во претходните два натпревари немаше никакви очекувања. Никој не очекуваше да се претставиме одлично и да победиме. Против Арсенал чекавме можност. Не можеме да играме така во иднина и јас го знам тоа. Но ни треба време да изградиме поинаков стил на игра. Навивачите ќе очекуваат повеќе утре и тоа мора да го покажеме, изјави Аморим.
Португалецот одби да каже нешто конкретно на прашањето за иднината на Маркус Рашфорд, кој нема играно за тимот од 12 декември.
-Сакам само да победиме утре. Ќе ги изберам играчите кои мислам дека ни даваат најголеми шанси да го постигнеме тоа. Секако дека има притисок во клубот, но во моментов не го чувствувам тоа. Не сме станете шампиони во последниве години. Во минатото, ако не сте го освоиле првенството една година, тоа моравте да го направите следната. Не ја чувствувам оваа напнатост. За ова да се врати во иднина, ние мора да победуваме – да освојуваме трофеи, да победуваме натпревари, додаде тој.