„Амнести интернешнал“: Планот на Трамп за Газа е запалив, нечуен и срамен, го крши меѓународното право

15

Организацијата за човекови права Амнести интернешнал денеска соопшти дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа е „запалив, нечуен и срамен“ и флагрантно кршење на меѓународното право.

„Секој план за насилно депортирање на Палестинците од окупираната територија против нивна волја е воено злосторство“, изјави за Ројтерс генералниот секретар на „Амнести Интернешнл“, Ања Каламар.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД ќе ја преземат Газа откако Палестинците ќе бидат преместени на друго место и таа е економски развиена.

Тој ова го изјави на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој беше во посета на САД.

Трамп ја опиша својата визија за областа како „Ривиера на Блискиот Исток“.

Тој го повтори својот предлог за трајно раселување на Палестинците, нагласувајќи дека тие треба да се преселат во други арапски земји, како Јордан и Египет, и дека Газа во моментов е „само урнатини“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ