Украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја загуби поддршката од американските републиканци, но доби сериозно предупредување затоа што му порачаа да се држи подалеку од политиката.
Имено, за време на посетата на фабрика за оружје во Скрентон, тој на новинарите им рекол дека го смета Џеј-Ди Венс за премногу радикален, што републиканците го критикувале дека „се меша во претседателските избори во САД“, пренесува Политико.
Републиканците се клучна гласачка група која Зеленски мора да ја задоволи за да ја добие потребната помош во војната со Русите, па изјавите во кои ги критикува воопшто не му одат во прилог. Претседателскиот кандидат Доналд Трамп пак, постојано го повикува дека не направил доволно за да ја запре војната.
„Тој не смее да повтори таква грешка. Имаме геополитички причини да продолжиме да ја поддржуваме Украина, така што мислам дека тоа нема да се промени поради еден инцидент“, рече републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин.