Американските издавачи со полни раце работа: Поради зголем интерес, се печатат нови изданија на Уставот

43

Издавачката куќа „Рендом хаус“ најави дека во јули ќе објави комбинирана Декларација за независност и Устав на САД поради, како што се наведува, важноста од разгледување на клучните документи на оваа земја, пренесува Бета.

Издавачката куќа додава дека во ноември ќе објави и ново издание на Федералистичките документи, а оваа книга, заедно со единствениот Устав и Декларацијата за независност, ќе има и вовед од Џон Мичум, историчар и добитник на Пулицерова награда.

Мичам е познат по биографиите на поранешните американски претседатели Томас Џеферсон и Ендрју Џексон.

Пазарот на државотворни документи расте во последните неколку месеци, а според податоците на маркетинг агенцијата „Циркана“ која ги следи трендовите на печатениот пазар, овие изданија моментално се продаваат со најбрза стапка во последните 20 години.

До средината на април беа продадени околу 162.000 примероци од Уставот, наспроти 58.000 продадени примероци во истиот период минатата година и 33.000 продадени во 2023 година.

„Циркана“ наведува дека овој скок во продажбата најверојатно е одговор на промената во американската администрација и на зголемената популарност на други дела за демократијата и власта во оваа земја.

Мичам рече дека читањето на Декларацијата за независност и други документи од истата ера може да ѝ даде на денешната јавност слично чувство за мисија и водечки принципи што ги имаа татковците-основачи за време на револуционерната ера во САД.

Изданијата на „Модерната библиотека“, во чии рамки ќе се реиздаваат документите, ќе се соочат со голема конкуренција, имајќи предвид дека сите текстови што ќе бидат објавени се јавно достапни и можат бесплатно да се читаат преку Интернет.

Многу издавачки куќи, како што се „Пингвин“ и „Барнс & Нобел“, објавија значајни изданија на овие дела.

Експертите тврдат дека раст на продажбата на вакви дела се забележува во текот на секој изборен циклус, но дека годинава тоа е особено впечатливо, што можеби се должи на 250-годишнината од Декларацијата за независност што се одбележува следната година.

ИЗДВОЕНИ