Маск го нарече Кели „предавник поради посетата на Украина, а сенаторот Кели, демократ од Аризона, потоа изјави дека се откажал од возењето на својот автомобил „тесла“, пренесува „Скај њуз“.
Кели, кој цврсто го поддржува официјален Киев, изјави по псетата на Украина дека каков било мировен договор „не може да биде подарок за рускиот претседател Владимир Путин“, на што Илон Маск одгвори велејќи му „ти си предавник“.
„Луѓе, овде сум во Вашингтон, се возам на работа, но последен пат во својот автомобил „тесла“. Кога го купив овој автомобил, не мислев дека тоа ќе стане политичко прашање. Секој пат во последните 60 ден кога седнувам во овој автомобил, ме потсетува колку штета Илон Маск и Доналд Трамп ѝ нанесуваат на оваа земја“, објави Кели.
Тој додаде дека Илон Маскл „ се покажа како идиот“ и поради тоа не сака да го возил автомобилот што тој го направил и дизајнирал.
„Толку се радувам на купувањето нов автомобил“, порача сенаторот Кели, пренесува Танјуг.