Американскиот секретар за трговија: Пингвините не се случајно на списокот за царини

1944

Американскиот секретар за трговија Хауард Лутник изјави дека царините кои САД ги воведа за голем број земји во светот ќе останат на сила „со денови и неделни“.

Тој додаде дека „некои острови населени со пингвини“ се вброени на тој список како земји не би можеле да ги искористат за избегнување на царините.

„Она што се случува е дека ако нешто изземете од списокот за воведување царини, земјите кои се обидуваат во основа да арбитрираат во Америка, доаѓаат преку тие земји до нас“, изјави Лутник за „Си-Би-Ес њуз, пренесе „Ројтерс“.

Тој укажа дека нема да има одложувања за воведените царини, кои според него „дефинитивно ќе останат ана сила со денови и недели“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави таканаречени реципрочни царини на увозот од речиси 90 земји кои се над 10 отсто од севкупниот данок кој се прмиенува на целиот увоз во САД.

Опишувајќи ја најавата како „Ден на ослободувањето“, претседателот рече дека новите царини се потребни за да се избрише трговскиот дефицит меѓу САД и другите земји, пренесува Б92.

 

ИЗДВОЕНИ