Американскиот режисер Александар Пејн ќе претседава со жирито на овогодишниот Филмски фестивал во Венеција

22

Американскиот режисер Александар Пејн ќе претседава со жирито на овогодишниот Филмски фестивал во Венеција, соопштија организаторите во понеделникот.

Филмовите на Пејн, меѓу кои се комедиите „The Holdovers“, „Sideways“ i „The Descendants“, се номинирани за вкупно 24 Оскари, вклучително со четири номинации за најдобар филм и најдобар режисер.

Два пати ја освои наградата за најдобро адаптирано сценарио.

„Голема чест ми е и радост тоа што ќе бидам член на жирито во Венеција. Иако ја споделувам амбивалентноста на филмските творци кон споредувањето на филмови, длабоко ја почитувам речиси стогодишната традиција на Филмскиот фестивал во Венеција, фестивал кој гласно го слави филмот како уметничка форма“, рече Пејн за новинарите.,

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одражи на островот Лидо од 27 август до 6 септември. Имињата на филмовите во конкуренција ќе бидат објавени во јули.

Комедијата на Пејн  „Downsizing“ од 2017 година го отвори фестивалот истата година.

ИЗДВОЕНИ