Поранешниот светски шампион на 100 метри и освојувач на два олимписки медали, американскиот атлетичар Фред Керли (29) е приведен по расправија со полицајци во Мајами.
Инцидентот се случил додека полицијата работела на случај, а Керли се приближил до областа и се обидел насилно да влезе во своето возило, кое било паркирано во близина.
На снимката од камерите објавена од полицијата на Мајами Бич се гледа како американскиот спринтер со својата девојка се расправа со група полицајци. Неговото однесување станувало сè поагресивно, што доведе до пресметка со полицијата.
Четворица полицајци се обиделе да го приведат Керли, кој пружил отпор, па полицијата употребила шокер за да го смири.
„И покрај напорите на полицајците да ја деескалираат ситуацијата, пријавениот заземал борбен став и продолжил да ги игнорира нивните законски наредби. Кога полицајците се обиделе да го уапсат, тој активно им се спротивставил“, соопштија од полицијата.
This is COMPLETE OVERUSE OF FORCE by the Miami-Dade Police against Fred Kerley.
The same Fred Kerley, who just finished representing the USA and winning a Bronze Medal in the 100m at the 2024 Olympics in Paris. How do you represent your country and come home to unnecessary beat… pic.twitter.com/BMnf5tys8d
— Robert Griffin III (@RGIII) January 4, 2025
Керли е обвинет за злоставување, отпор на полицаец и непристојно однесување, а неговата девојка Клео Рахман, диџеј позната како Дј Скѕ Хигх Бабѕ, исто така се соочува со обвинение за давање отпор на полицаец. „Ова изгледа како целосно недоразбирање“, изјави неговиот бранител Јеил Санфорд за локалните медиуми.
„Господин Керли е спортист кој соборува рекорди. Тој се натпреваруваше на Олимпијадата, тој е модел на граѓанин во нашата заедница. Ова не е ништо повеќе од преголема реакција на полицијата“, додаде тој.
Керли освои бронза на 100 метри на Олимпијадата во Париз минатата година и сребро на Олимпијадата во Токио. Тој исто така освои шест медали на Светските првенства, вклучувајќи го и светското злато на 100 метри во 2022 година во Јуџин.