Рид Раснер, 40-годишен деловен човек којн неодамна се кандидираше за американскиот Сенат против Џон Барнас, во моментот води медиска компанија која настојува да стекне контролен удел во апликацијата „ТикТок“ и нејзните операции.
Според достапните информации,адвокатот на Раснер ја испратил понудата до кинеските сопственици на „ТикТок“, компанијата „БајтДенс“, пренесе „Њујорк пост“.
Во писмото кое го потпишал адвокатот Стив Робертс од „Ранер медиа“ стои: „Со преселбата на операциите на „ТикТок“ во Вајомиг Рид ќе отпочне нова ера на економска диверзификација, создавајќи илјандици добро платени работни места кои ќе имаат корист не само за технолошкиот сектор туку и за енергетскиот, земојделскиот и туристичкиот сектор на Вајоминг“.
„Оваа иницијатива ќе привлече висококвалификувани работници, иновативни технологии и нови инвестициски можности, зајакнувајќи ја економијата и обезбедувајќи Вајоминг да остане национален лидер во повеќе сектори“, се истакнува понатаму во писмото.
It’s official. I have put in an offer to purchase TikTok. 🚀 #Rasner4WY #tiktok https://t.co/1A1iNAZXS6
— Reid W. Rasner (@Rasner4WY) February 19, 2025
Раснер, основач на финасиската фирма „Оминивест“ и поранешен сопственик на “Вајоминг глас“, во својата понуда нагласува дека како држава Вајоминг располага со „изобилство чисти, евтини извори на енергија“, кои би можеле да ги активира операциите на „ТикТок“.
Во јануари 2025 година, претседателот Доналд Трамп рече дека се сретнал со сопствениците на „ТикТок“ и разговарал за вредноста на апликацијата. „Вреди околу трилион долари“, рече Трамп. „Размислувам да кажам некому: „Купи го и дај половина на САД, а ние ќе ти ја дадеме лиценцата“.
По неговата инаугурација на 20 јануари 2025 година, Трамп потпиша извршна наредба за одложување на забраната на „ТикТок“ за 75 дена, велејќи дека тоа и дава можност на неговата администрација да одреди соодветен курс на дејствување во врска со апликацијата. За 170 милиони американски корисници на TikTok, времето истекува, бидејќи се приближуваме до половината од периодот на суспензија на забраната.