Американскиот милијардер Рид Разнер понуди 47,45 милијарди долари за „ТикТок“, иако Конгресот на поранешниот претседател Џо Бајден донесе регулатива со која се бара „Бајтденс“(ByteDance) да ја продаде платформата во САД или да престане со работа.
Како што се приближува крајниот рок за решавање на операциите на платформата „ТиКТок“, лицето кое во моментов нуди најмногу пари за да ја купи е голем сојузник на претседателот Доналд Трамп, кој сака да ги револуционизира социјалните медиуми и да тргува со кориснички податоци, пренесува Just the news.com.
Понудата на Разнер за „ТикТок“ дури го засени купувањето на „Твитер“, за кое Илон Маск плати 44 милијарди долари, пренесува Biznis.ba.
„Дадовме меѓу 20 и 50 милијарди долари повеќе од сите други понудувачи. Тоа не е се, бидејќи пет отсто од понудената сума ќе донираме во посебен фонд“, рече Разнер.
Тој додаде дека ќе остави на американската влада да има голем удел во социјалната мрежа доколку сака.
На почетокот на својот мандат, Трамп потпиша извршна наредба за создавање специјален суверен богат фонд за Соединетите држави, во кој Разнер би сакал да учествува.
Рокот за продажба на Тикток истекува на 5 април, а милијардерот рече дека сака да се увери дека условите што ги понудил ќе бидат исполнети од „Бајтденс’ (ByteDance), американските граѓани и пред се Трамп.
Разнер додаде дека ќе ја заштити националната безбедност и податоците на корисниците кои сега се загрозени.
Примарниот мотив за забрана на платформата „ТикТок“ беше ризикот дека нејзините кинески сопственици следеле и собирале кориснички податоци во САД.
Разнер има намера да направи револуција во социјалните мрежи, а како што најави, корисниците ќе имаат можност да изберат дали ќе ги дадат своите податоци, а доколку сакаат ќе им бидат платени за социјалната мрежа да ги користи нивните податоци.
„Нашата понуда е навистина уникатна и прва од ваков вид во Америка. Ова е возбудливо време за сите нас“, рече Разнер.