Американски компании и плаќаат на Русија повеќе од милијарда долари данок

84

Американските компании кои продолжија да работат во Русија по нејзината агресија против Украина, му платиле на Кремљ повеќе од една милијарда долари даночен приход, дознава Newsweek.

Американските компании и платиле на Русија 1,2 милијарди долари корпоративни даноци во 2023 година, покажуваат податоците на групата B4Ukraine и Институтот за економија во Киев (KSE), кои ексклузивно ги објави Newsweek, пренесува Танјуг.

Ова ги направи американските компании најголеми даночни обврзници во Русија меѓу странските фирми.

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, компаниите ширум светот ја напуштија земјата за да го изразат своето морално противење на конфликтот и да извршат економски притисок врз Москва.

Институтот KSE проценува дека околу 328 американски компании останале во Русија. Најголем корпоративен данок платен на Русија во 2023 година го има тутунската компанија Филип Морис со 220 милиони долари, корпорацијата за пијалоци Пепсико – 135 милиони долари и кондиторската компанија Марс – 99 милиони долари.

Покрај САД, вториот најголем даночен обврзник на добивката на Кремљ во 2023 година беше Германија, бидејќи компаниите и платија даноци на Русија од 693 милиони долари, а Австрија беше трета, со фирми кои платија данок на добивка од 579 милиони долари.

ИЗДВОЕНИ