АМЕРИКАНСКИ ИЗБОРИ: Трамп покажа сила во клучните држави, Камала заостанува!

441

Камала Харис или Доналд Трамп – ноќ на одлуката на претседателските избори во САД, чиј исход се уште никој не се осмелува да го предвиди. Сепак, Трамп има значајна предност. Досега секој има освоено држави каде што се очекуваше да победи. Сепак, републиканскиот кандидат победи во Северна Каролина и Џорџија, кои веќе се две од седумте клучни држави. Доколку ја освои и Пенсилванија, победата на поранешниот американски претседател е речиси сигурна.

Демократската претседателска кандидатка на САД, Камала Харис денеска нема да им се обрати на приврзаниците во предизборниот штаб на Универзитетот Хаура, изјави еден од водачите на нејзината кампања Седрик Ричмонд, додавајќи дека таа утре ќе и се обрати на нацијата.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп моментално води против демократската кандидатка Камала Харис на претседателските избори во САД, па според последните проекции на Си-Ен-Ен, Трамп собрал 246 електорски гласови, додека Харис 182.

Биткоинот достигна рекордно високо ниво во азиската трговија бидејќи инвеститорите веруваат дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе победи на изборите во САД.

Републиканската партија ќе ја преземе контролата врз американскиот Сенат по четири години во кои Сенатот беше под контрола на Демократската партија, објави NBC News.

За резултатите од американските претседателски избори во многу клучни држави ќе биде потребно време, особено за да се добијат официјални, заверени резултати.