„Aмериканската воена помош е клучна!“ Украинскиот премиер: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали со Америка

188

Украинскиот премиер Денис Шмихал го даде првиот официјален одговор откако Доналд Трамп одлучи да ја прекине американската помош за Украина.

Шмихал изјави дека Украина ќе ја продолжи дипломатската работа со САД преку сите достапни канали и нагласи дека се подготвени да потпишат договор за минерали со Америка.

Тој додаде дека Киев ќе направи се што е во негова моќ за да ја одржи соработката со САД на претходните нивоа, нагласувајќи дека американската воена помош е клучна и помага да се спасат илјадници животи.

ИЗДВОЕНИ