Американки разочарани од посетата на Париз: Нема да си ја простат „почетничката грешка“

81
Фото:принтскрин ТикТок

Американките Жак Еисдорфер и Ешли Брук го посетиле Париз овој ноември, а најмногу се радувале на посетата на Ајфеловата кула и фотографирањето пред најпознатата париска знаменитост. Жак и Ешли, која инаку се има појавено во серијата „Мала светлина“ на „Дизни +“, за крајот на своето патување се упатиле до Ајфеловата кула, но се разочарале од глетката што ја затекнале.

„Почетничка грешка“

Имено, светилките на Ајфеловата кула биле исклучени. „За жал, се обидовме најдоброто да го оставиме за крај и отидовме да ги видиме светкавите светилки во текот на нашата последна вечер. Мислевме дека патувањето ќе го заокружиме со малку магија. Почетничка грешка“, изјавила Жак, а Ешли позирала покрај сувенир од Ајфеловата кула кои светка.

„Толку сме навикнати на Њујорк, каде што се е отворено од 0-24 и немавме поим дека Ајфеловата кула ќе биде затворена навечер. Бевме избезумени, но и се насмеавме на тоа. Важно е што бевме заедно“, рекоа тие.

ИЗДВОЕНИ