Бетани Мур од САД стана многу популарна на социјалните мрежи поради нејзините необични тетоважи. Првата тетоважа ја направила на својот 19-ти роденден, а набрзо тетовирањето станала нејзина голема љубов. Сега, девет години подоцна, повеќе од 90 отсто од нејзиното тело е покриено со тетоважи.
Покрај тетоважите, оваа девојка обожава и пирсинг, па има десетина такви, а според неа, планира да има уште толку.
Бетани открива дека потрошила повеќе од 25.000 евра на тетоважи и пирсови и потрошила повеќе од 300, како што вели, болни часови поради ваквото разубавување на телото.
- Луѓето често ме гледаат чудно и свесна сум дека сум бизарна, но најважно ми е родителите и дечкото да ме поддржуваат, вели Бетани и објаснува дека секоја тетоважа има своја приказна.
- Тетоважите се направени во јапонски стил и секоја има свое значење. На пример, мојата прва тетоважа е волк кој завива на Месечината и му ја посветив на моето куче кое почина.