Aмериканец убиен по обид за киднапирање на мал авион во Белизе

100
Фото:пекселс

Американски државјанин киднапирал мал авион на „Тропик ер“ денеска во Белизе, ранил тројца патници пред да биде застрелан и убиен, објавија американските медиуми.

„Еј-би-си“, повикувајќи се на полицијата, објави дека напаѓачот сакал да излезе од Белизе и дека барал повеќе гориво за авионот.

Тој беше убиен од патник во авионот кој носел дозвола за огнено оружје.

Киднаперот беше идентификуван од властите како државјанин на Соединетите Американски Држави, Акинјела Сава Тејлор.

Во авионот имало 14 патници, меѓу кои и Тејлор и уште еден Американец.

Во полицискиот извештај се наведува дека авионот слетал назад во Белизе откако кружел за време на киднапирањето додека за малку не останал без гориво, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ