Новиот пакет помош од повеќе милијарди долари за Украина покажува дека американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис ги ставија интересите на својот народ на последно место, изјави членката на Претставничкиот дом на САД, Марџори Тејлор Грин на социјалната мрежа Х.
– Џо Бајден и Камала Харис и даваат на Украина уште шест милијарди долари, додека многу Американци не можат да си дозволат храна. Демократите ја ставаат Америка на последно место – напиша таа.
Како што претходно објави Ројтерс, САД планираат да ѝ отстапат речиси осум милијарди долари на Украина по средбата на Бајден со Володимир Зеленски во четвртокот.