Двојката од реалното шоу „Крислиеви знаат најдобро“, Тод и Џули Крисли, ќе бараат помилување од претседателот на САД, Доналд Трамп, откако беа осудени за банкарска измама со која ги оштетиле банките за повеќе од 30 милиони долари, пишува „Њујорк пост“.
Тие беа осудени во 2022 година, за заговор за измама на банки во Атланта, за повеќе од 30 милиони долари. Тој е осуден на 12 години затвор, додека неговата сопруга доби седумгодишна затворска казна.
„Тие се убедени дека претседателот сериозно ќе размисли да ги помилува обајцата, и Џули и Тод Крисли, бидејќи неправедно се однесувале кон нив“, изјави нивниот адвокат Џеј Сарџент за „Ен-би-си њуз.
Сарџент рече дека неправилностите во сојузната истрага за Крилиеви ги прекршиле нивните уставни права.
Сарџент рече дека ќе биде поднесено барање за помилување во име на Крислиеви до администрацијата во рок од четири месеци.
Сите Крислиеви се страсни поддржувачи на Трамп, а прашањето за помилување тлеело со години, пишува „Њујорк пост“.
Нивната ќерка Савана Крисли се обрати на републиканската конвенција во Милвоки во 2024 година, истакнувајќи го случајот на нејзините родители.
„Крислиеви знаат најдобро“ се емитуваше од 2014 година до 2023 година и се фокусираше на животите на Крислиеви, богато семејство од југот, пренесува Танјуг.